Ќе се гради споменик на гробот на Есма Реџепова

288

Формирана е работа група и се обезбедени финансиски средства за изградба на споменик на гробот на Есма Реџепова, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Заев информира дека согласност од семејството е добиена.

– За жал, имаме проблем околу домот на Есма Реџепова, кој е отворен и го аби времето, а е понуден за јавни простори. Министерството за култура веќе одржа два состанока со дел од членовите на семејството за да можеме да ги завршиме претходните постапки и конечно да влеземе во домот, да го реконструираме, да го одржиме и да биде отворено катче за Ромите и за сите граѓани како споменик на културата. Да биде понуден како што таа оставила во аманет, за општествени дејности – рече Заев.

Тој кажа и дека годинава во 14 општини се градат базени, а идната година се планирани уште најмалку 15 за кои се обезбедени локации.

Во 2019 година е планирана изградба на базен и во Шуто Оризари, дополни Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...