Денеска во Скопје на конференција посветена на ознаките за квалитет на земјоделските и прехранбените производи во организација на Слоу Фуд Битола, Еко Росалес и Слоу Фуд Водно се зборуваше за заштитата на традиционалните и природни производи со трите главни ознаки за квалитет во ЕУ. Станува збор за заштитената ознака за потекло – ЗОП, за заштитената географска ознака – ЗГО и за гарантиран традиционален специјалитет ГТС.
Заштитените називи ЗОП и ЗГО имаат силна географска поврзаност. Тие им нудат драгоцена помош на потрошувачите кои посакуваат земјоделско-прехранбени производи со јасно дефинирано потекло и квалитет. Ознаката ГТС е заштитено име за производи кои содржат традиционални суровини, се произведуваат на традиционален начин или пак имаат традиционален состав.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.