Зголемен прометот во трговијата на мало

Прометот во трговијата на мало, во април годинава во споредба со истиот месец лани бележи зголемување во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 11 отсто.

99

Прометот во трговијата на мало, во април годинава во споредба со истиот месец лани бележи зголемување во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 11 отсто, а реално за 7,5 отсто, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14,5, а реално за 11,8 отсто) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 12,8 отсто, а реално за 10,3 отсто).

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во групата Трговија на мало со автомобилски горива прометот номинално е зголемен за 3,2, а реално е намален за 1,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...