Познатиот црногорски актер веќе пет години е во врска со 10 години помладата колешка, а долго во јавноста истакнуваше дека не размислува премногу за брак.
– Планираме брак и потомство. Луѓето имаат различни животни патишта, во нашата професија сме на голема мака, работата ни одзема доста време – се пожалил 39-годишниот Андрија, додавајќи дека ќе одвои време за одење пред матичар, но сѐ уште не го знае датумот.