Во Берлин денеска 32 степенa – Рекордно високи температури во северна Европа

Норвешките метеоролози велат дека ова е најтоплиот мај во претходните 70 година на југоисток во оваа земја.

394

Рекордно високите температури оваа пролет придонесоа за предвремена летна атмосфера во северна Европа дури и до Лапонија.

Германија, Полска и нордиската област поминаа невообичаено топол мај, на некои места најтоплиот во повеќе децении, а невообичаено топло е и во балтичките земји.

Полска телевизија пренесува дека ова е најтоплиот мај во последните 129 години, а овогодинешниот април беше третиот најтопол месец од кога официјално се регистрираат мерењата, пренесува Лидер.

Температурата во Варшава денеска изнесува 30 степени Целзиусови.

Високи температури ја влошуваат сушата, па така земјоделците во Германија се жалат на штета предизвикана од сувото време.

Во Берлин температурата денеска изнесува 32 степени Целзиусови.

Во нордискиот дел на Европа – Данска, Финска, Норвешка и Шведска, забележани се високи температури без дожд во поголемиот дел во текот на месец мај.

Во големиот дел од Шведска овој мај е најтоплиот во последните децении.

Во Данска и Норвешка температурите надминуваа 30 степени Целзиусови.

Норвешките метеоролози велат дека ова е најтоплиот мај во претходните 70 година на југоисток во оваа земја.

Финскиот метеоролошки институт соопшти дека топлотниот бран стигнал и до Лапонија, најсеверната област на Европа која опфаќа делови од Финска, Шведска и Норвешка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...