Лавров го поканил Ким Јонг Ун да ја посети Русија

Рускиот министер за надворешни работи за време на престојот во Пјонгјанг разговарал со лидерот на Северна Кореја за понатамошната иднина на нивната атомска програма.

125

Рускиот министер за надворешни работи за време на престојот во Пјонгјанг разговарал со лидерот на Северна Кореја за понатамошната иднина на нивната атомска програма, јавува руското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението, на својата средба со севенокорејскиот лидер во Пјонгјанг, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го поканил Ким Јонг Ун да ја посети Русија. Од Москва се соопштува дека тема на разговорите меѓу Лавров и Ким Јонг Ун е севернокорејската атомска програма и прашања поврзани со билатералните односи.

Истовремено американскиот министер за надворешни работи синоќа во Њујорк го примил севернокорејскиот генерал Ким Јонг Чол со кого разговара околу подготовките на средбата меѓуТрами Ким Јонг Ун во Сингапур.

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...