Вајнстин обвинет за силување, му се заканува 25 години затвор

Филмскиот продуцент Харви Вајнстин е обвинет за силување и кривично сексуално дело, објави окружниот правобранител за Менхетен Сајрус Р.Венс.

119

Ова е прв случај кој произлезе од низата на обвиненија за сексуални деликти против 66-годишен основач на филмското студио Miramax и The Weinstein Company.

„Ова обвинение е за уште еден чекор поблиску до шансата обвинетиот да сноси одговорност за кривичните дела за кои сега е обвинет“, вели обвинителот Сајрус Р.Венс.

Според неговите зборови, Вајнстин се обвинува за силување од прв и трет степен, односно за кривични сексуални дела од прв степен.

Адвокатот на Вајнстин, Бен Брафмен, вели дека неговиот клиент ќе се изјасни како невин.

Ако се прогласи виновен за најтешките точки од обвинението, на Вајнстин му се заканува затворска казна од пет до максимални 25 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...