Трамп разговараше со Ким Кардашијан во Овалната соба за затворските реформи

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прими старлетата Ким Кардашијан на разговор во Овалната соба, на којшто се дискутираше за реформите во затворската политика.

199

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прими старлетата Ким Кардашијан на разговор во Овалната соба, на којшто се дискутираше за реформите во затворската политика.

Ѕвездата од реалните шоуа во Белата куќа се сретна со претседателот и со неговиот советник и зет Џаред Кушнер. Кардашијан инаку се залага за укинување на затворската казна на Алис Џонсон, која е осудена на доживотен затвор за шверц со дрога, но е и прабаба.

Адвокатката Британи Барнет за „Дејли Меил“ потврди дека Кардашијан побарала од претседателот Трамп да ја помилува Џонсон.

Во 1996 година Џонсон беше осудена за трговија со дрога и перење пари, откако сите нејзини 15-мина соучесници сведочеа против неа. – И покрај минималната улога на Џонсон во „кокаинскиот синџир“, таа ја доби највисоката казна… Денеска и е роденден, па нема поголем подарок од слободата, истакна Барнет.

Кардашијан е задоволна од средбата со Трамп и, како што самата напиша на Твитер, надежите за помилување на г-ѓа Џонсон се реални.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...