Првата дама на САД Меланија Трамп се нема појавено во јавност по операцијата што ѝ беше направена месецов, па реши да се обрати на јавноста и да објасни дека сѐ е во ред со нејзиното здравје и брак.
– Гледам дека медиумите работат прекувремено со шпекулирање каде сум и што правам. Не се секирајте, тука сум во Белата куќа со моето семејство, се чувствувам супер и работам за децата и американскиот народ – напиша Меланија на Твитер.
Гласините зачестија 20 дена од последниот пат кога се појави во јавност, со претседателот Трамп кога ги пречекаа тројцата Американци ослободени од Северна Кореја.
Откако ќерката на Доналд Трамп, Иванка, се обрати на денот за спорт и фитнес во Белата куќа, настан што го промовираше претходната прва дама Мишел Обама, шпекулациите се засилија.
– Одлично се чувствува. Не би го квалификувала ова како долго отсуство. Беше во болница речиси една недела, а сега закрепнува дома – рече портпаролката на првата дама Стефани Гришам.