Какви родители сте вие? Дали сте ангажирани во забавувањето на своите деца, дали сте двигател на сѐ, главни организатори на активностите или ги пуштате своите деца сами да се забавуваат, односно, сами да го креираат своето слободно време?
Премногу активности предизвикуваат стрес
Во ова лудо модерно време често, уште од градинка децата имаат барем една, ако не и две обврски надвор од градинката. Одат на гимнастика, спорт, англиски, некои свират, други глумат – главно, се занимаваат со некој вид на организирана забава во институции кои нудат многу вакви програми, а родителите без поговор ги плаќаат затоа што со тоа вложуваат во дополнителен развој и едукација на своето дете.
Зошто да не, кога и сите други деца од групата веќе одат на нешто. Или оди вашето постаро дете, па зошто да не оди и помалото? А ако веќе и не одат на две различни активности, тогаш барем еднаш неделно одат во игротека за да се „испукаат“.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.