„Right here“ е насловот на новото издание на Дина Јашари (18), Сирилик и Ивајо (Иван Јованов). Дина е авторка на текстот, а се погрижи и за мелодиската линија на песната. Аранжманот е на диџеј дуото „Сирилик“ и на Иван Јованов. Спотот е дело на Зонде, а протагонистка е манекенката Сара Дамчевска.
Талентираната Јашари со музика се занимава од 11- годишна возраст. Прв контакт со музиката и бил преку мандолина. Почнала да свири во мандолинскиот оркестар во основното училиште. Попатно и пеела, а и почнала самостојно да учи да свири на гитара.
Моментно соработува со Бојан Трајковски од „Ај кју“. Тој и е ментор во моментниот музички развој. Дина беше еден од придружните вокали на нивниот настап на годинашното издание на Евровизија.
Лани учествуваше на „Кастинг талент шоу“, организиран за потребите за мјузиклот посветен на Тоше Проески. Стигнала до финале.
Досега има објавени песни, три со „Сирилик“, а две се целосно нејзино авторство,- „Дојди со мене“ и „Вреди ли?“Дина Јашари ужива во создавањето на песните што ги исполнува. Подеднакво се радува и кога ги пишува текстовите и музиката.
Реши да не се појавува во спотовите за нејзините песни, па можеби го следи трендот на популарната Сија.