Педесет и четиригодишната данска макенека и актерка Бригит Нилсен, по петти пат ќе стане мајка.
Нилсен, најпозната по улогите во филмовите „Црвената Соња“ и „Роки 4“ и поранешна сопруга на Силвестер Сталоне, на својот профил на Инстаграм објави дека таа и нејзиниот партнер Матија Деси наскоро ќе станат родители.
– Семејстсвото се проширува – напиша Нилсен на фотографија на која го покажува својот труднички стомак.
Атрактивната русокоса, која го освојуваше модниот свет во средината на 80-тите години, со Матија е во брак од 2006 година. Таа зад себе има четири брака и четири возрасни сина.
Бригит Нелсон е позната и по својот турбулентен живот, наводната афера со Арнолд Шварценегер, како и проблемите со алкохолот.
ФОТО: Инсаграм