Младинската работа ќе биде вклучена во активните мерки за вработување

188

Владата ја разгледа информацијата од Работната група за приоритетот „Младинска работа“ со конкретни предлози, план, програма за работа и очекувани идни активности од страна на Владата и другите државни институции.

На краток рок се предвидени низа активности чија реализација отвора можност младинската работа да биде вклучена во делот на активните мерки за вработување, кои нудат обуки за стручни квалификации во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година, како пилот обука.

Националната стратегија за млади 2016-2025 на долг рок ќе ја регулира и ќе ја интегрира младинската работа во рамки на постојната законска регулатива, односно ќе се инкорпорира во Законот за млади, кој е во подготвителна фаза.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...