Американка дипломира на 89 години

Работела како чувар во Пентагон, а потоа, на свои 49 години, завршила за медицинска сестра и работела во дом за стари лица. Пред шест години се запишала на факултет.

121

Осумдесет и деветгодишната Американка Ела Вашингтон дипломира на Универзитетот Либерти во Вирџинија во класата 2018. Жената сега планира да запише и магистерски студии.

Медиумите од САД бележат дека Ела се омажила многу млада и набрзо станала мајка. Напорно работела и не можела да заврши факултет, а отсекогаш сонувала за тоа. Работела како чувар во Пентагон, а потоа, на свои 49 години, завршила за медицинска сестра и работела во дом за стари лица. Пред шест години се запишала на факултет.

– Сакам историја, тоа ми е омилен предмет. Секој треба да ја знае својата историја – рекла Ела и додала дека образованието е најважна работа, што ја обликува личноста и нуди можност да се добие најдоброто од животот.

ФОТО: Твитер/Liberty Alumni

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...