Град ги сотре лозјата и праските во Росоман

628

Од 20 до 100 процентни се оштетувањата на земјоделските имоти од градот кој падна пред неколку дена во Росоманско.

Драганчо Николов, советник во кавадаречката подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, за МИА изјави дека штети има кај лозјата и овошните насади со праски, зависно од локацијата на земјоделските имоти.

– Регистрирани се штети во росоманските села Дебриште, Камен дол, Сирково и Манастирец, рече Николов.

Тој нагласува дека поради ниската цена на грозјето во изминатиот период, сеуште е мал бројот на земјоделците кои се одлучуваат да ги осигураат своите имоти, иако државата плаќа шеесет проценти од осигурувањето.

Малкумина се и оние кои имаат ставено противградобијна мрежа во своите лозови и овошни плантажи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...