Гвинет Палтроу ја предводи страницата на „Goop“, која неодамна даде одговори на сите можни прашања за аналниот секс. Оваа честа избегнувана тема е сѐ уште своевидно табу, и за правилно изведување на овие акробатици и на взаемно задоволство, актерката во сексуалниот водич одговара на сите „непријатни и срамни“ прашања.
Разговарајте со вашиот партнер
Вие не може да имате одличен секс без добра комуникација. „Многу е важно да имате добра сексуална комуникација и доверба во партнерот и, се разбира, и двајцата да го сакате тоа. Ако едната страна врши притисок врз другата, работите нема да завршат добро“, пишува на онлајн списанието.
„Паровите кои немаат добра сексуална комуникација, кои не даваат и добиваат повратни информации во врска со желбата на својот партнер и кои немаат високо ниво на доверба дури и не треба да размислуваат за анален секс“.
Заборавете на сè што сте гледале во порно филмовите
„Аналниот секс што го гледате во порно филмови е реален колку што е реално возењето во филмот „Брзина“. Порно филмовите не се реални. Заборавете на грубите движења и неизводливите пози. Почнете со модифицирана поза на анален секс бидејќи на тој начин ќе доживеете поголема пријатноста“.
Подмачкувањето е клучот
За разлика од вагината, овој метод на водење љубов бара дополнителна влажност. Затоа, едноставно: лубрикант е неопходен во овој случај.
ФОТО: Викимедиа