Поплава целосно уништи град: Нема зборови за да се опише катастрофата ВИДЕО

1338

Поплавата во Мериленд целосно го уништи Еликот Сити, град на околу 20 километри западно од Балтимор, јавуваат американски медиуми.

Градот вчера го погоди дожд кој предизвикал катастрофална поплава. Реката Патапско пораснала 5.5 метри за само два часа и достигнала рекордно ниво на вода од 7.3 метри.

– Нема зборови со кои би можело да се опише оваа катастрофа – изјавил службеникот Хауард Китлеман, пренесува хрватски Индекс.

Жителите и сопствениците на објектите се евакуирани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...