Русија во тајност го тестирала својот нов систем за противвоздушна одбрана С-500 и соборила светски рекорд во дометот, пишува ЦНБЦ.
Новиот систем погодил мета на далечина од 480 километри, што е 80 километри подалеку од претходниот светски рекорд, пишува ЦНБЦ повикувајќи се на американски тајни извори.
Русија тврди дека новиот систем може да пресретне хиперсонични ракети, дронови, авиони и „невидливи“ воени авиони како Ф-22 и Ф-35. Русија исто така тврди дека новитот систем има домет кој му овозможува соборување на целите на висина од 100 километри над земјината површина, пренесува хрватски Индекс.
ЦНБЦ наведува дека минатата недела дознале дека Русија подготвува хиперсонично возило наречено Авангарда, а станува збор за оружје против кое ниедна земја не може да се одбрани. Способно е да носи нуклеарни боеви глави и дизајнирано е за соборување на интерконтинентални балисточки ракети, и треба да биде подготвено до 2020 година.