Јапонскиот премиер Шинѕо Абе во денешниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп се договорија да се сретнат пред 12 јуни, пред самитот меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
– Се договоривме заеднички да дејствуваме, со цел подготвителната средба на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја да биде исполнета со смисла – истакна Абе.
Тој додаде дека „по секоја цена“ треба да биде решено прашањето со киднапиранитре јапонски граѓани од страна на севернокорејските разузнавачи.
Претходно, јапонската новинска агениција Кјодо објави дека Абе ќе претстојува во САД на 6 и 7 јуни, додека на 8 и 9 јуни тој ќе учествува на на Самитот на Г-7 во Канада.
Фото: EPA/KIYOSHI OTA / POOL