Германскиот суд ја потврди пресудата, Перковиќ и Мустаќ остануваат на доживотна робија

777

Германскиот Врховен суд во Карлсруге ја отфрли жалбата на одбраната за пресудата на Јосип Перковиќ и Зравко Мустаќ, кои поради убиството на хрватскиот емиграннтски политичар Стјепан Ѓурековиќ, во август 2016 година, врховниот суд во Минхен ги осуди на доживотен затвор, се дознава неофицијално од германските правосудни кругови, пишува „Дневни аваз“.

– Ревизијата која се заснова на жалбата во врска со материјалните докази е неоснована – стои во одлуката на врховниот суд која е донесена на 2 мај годинава.

Врховниот суд во Минхен, Јосип Перковиќ и Зравко Мустаќ ги осуди во август 2016 година на доживотна робија поради одговорност за убиството на Стејепан Ѓурековиќ, кој во јули 1983 година го убиле од засега непознати причини.

Во судскиот процес е докажано дека Перковиќ и Мустаќ како одговорни работници на Југословенската служба за безбедност, се одговорни за убиството ан Ѓурековиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...