Илон Маск со „Правда“ им објави војна на медиумите

Илон Маск на Твитер објави дека планира да стартува сајт чиишто корисници ќе можат да ги оценуваат вестите и медиумите врз основа на тоа колку може да им се верува. Би сакал веб-страницата да се вика „Правда“, што на руски значи „вистина“.

244
EPA/BEN MACMAHON

Илон Маск по многубројните критики на негова сметка, одлучи да им објави војна на медиумите, пишува „Њујорк тајмс“.

Маск на социјалната мрежа Твитер објави дека планира да отвори онлајн платформа под името „Правда“, според поранешниот советски весник, каде што луѓето ќе можат „да ја оценуваат вистинитоста на која било статија и да ги следат оцените за кредибилитетот на секој новинар, уредник и објава“.

„Блумберг“ соопшти дека Маск во октомври ја регистрирал компанијата под името „Правда“, што значи дека веќе некое време работи на овој проект.

Маск на порталот „Гизмонд“ потврдил дека веќе ја регистрирал компанијата и изјавил дека онлајн платформата ќе ја започне штом „заврши со работата на Теслиниот модел 3“.

Директорот на „Тесла“ и „Спејс икс“ ги обвини медиумите дека биле неискрени и во серија твитови ја навести можноста за започнување сервис за оценување одредени новинари и вести.

– Ќе креирам веб-страница каде што јавноста ќе може да ја рангира суштината на секоја статија и да го следи резултатот на кредибилитетот во текот на времето на секој новинар, уредник и објавување – твитна Илон Маск.

Порталот пишува дека Маск не ќе може својот нов производ да го одржи како доверлив:
– Форумите што се отворени за сите, подлежат на влијанија на поделените заедници, кои лесно може да доведат до пристрасно оценување. Секако, Маск може да се обиде да ја отвори платформата, но заговорниците на политичките екстреми сигурно ќе се обидат да ги напаѓаат вестите што ним лично нема да им се допаѓаат.

Ставови за идејата

Оваа идеја на Маск брзо предизвика загриженост дека репутацијата на медиумски организации и репортери би можела да биде одредена од гласање што лесно може да се манипулира.

Сива Вајдхајнатан, професорка на Универзитетот Вирџинија, за Си-ен-ен изјавила дека таков сервис би можел да има смисла доколку се темели на внимателна методологија и е надгледуван од независна новинарска организација.

– Прашањето е зошто токму Илон Маск би бил тој што ќе води таква страница и колку веродостојна ќе биде доколку тој ја води – рекла Сива.

Тимоти Кар, пак, директор за стратегија при „Фри прес“, изјавил дека последното нешто што е потребно е „уште еден богат и моќен тип да се заканува дека ќе го замолчи кој било новинар што не ги гледа работите како што тој ги гледа“.

– Од дејствата на Маск произлегува дека сите медиуми се неверодостојни. Срамно е да се шири таква порака – додал Тимоти Кар.
Маск, пак, го правда својот план велејќи дека сајтот е неопходен за да се заштити вистината во медиумите.

Цитат Директорот на „Тесла“ и „Спејс икс“ ги обвини медиумите дека биле неискрени и во серија твитови ја навести можноста за сервис за оценување одредени новинари и вести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...