Осум минути трае летот на најновата авиолинија, кој веќе е прогласен за најкраток во меѓународниот сообраќај.
Линијата што ја пушти авиокомпанијата „Аруба ерлајнс“, ги поврзува карипскиот остров Аруба под холандски суверенитет и градот Пунто Фихо во Венецуела.
Растојанието меѓу двата аеродрома е 80 километри, а „Аруба ерлајнс“ за оваа кратка линија го избра „бомбардиер CRJ200“, најбрзиот авион.
Летовите на експресната авиолинија ќе се изведуваат двапати неделно – понеделник и петок – а најевтината карта ќе чини околу 200 долари.
Пред повеќе од една година беше згасната досегашната најкратка авиолинија помеѓу Алтернхајн во Швајцарија и Фридрихшафен во Јужна Германија.
Австриската компанија „Пиплс Виеналајн“, кој го одржуваше летот од 8 минути со авионот „ембраер 170“, на тој чекор се одлучила поради слабиот интерес на патниците.