Академијата за графички и веб дизајн под покровителство на Семос Едукација, во Културно Информативниот Центар (КИЦ) организира завршна изложба на графички и веб проекти од студентите на Академијата.
Изложбата ќе биде свечено отворена на 1 јуни 2018 година, со почеток од 20 часот.
На настанот ќе се промовираат и ќе се претстават 26 Графички и Веб дизајнери од Академијата. Ова е одлична можност за компаниите од графичката и интернет индустрија да се сретнат со квалификувани дизајнери и одблиску да се запознаат со нивните дела и потенцијали.
Студентите од програмата за графички дизајн ќе се претстават со повеќе од 150 графички решенија, како најуспешни и најкреативни проекти на кои работеле во изминатиот период. На изложбата ќе бидат поставени плакати на разни теми, логоа и корпоративен идентитет, дигитални манипулации на фотографија, дигитални илустрации, дизајн на публикации, додека студентите од програмата за веб дизајн, ќе се претстават со сопствените портфолија и динамични веб страни кои содржат програмерски дел, галерија и мултимедијални содржини