Заменикот косовски премиер Енвер Хоџај се јави на Твитер со тврдење дека Белград одбива да соработува со Приштина во врска со убиството на Оливер Ивановиќ и дека одговорите за тој инцидент се кријат во Белград.
– Четири месеци од убиството на Оливер Ивановиќ а Србија сѐ уште одбива да соработува со Косово бидејќи сакаат да ја скријат вистината и да ја попречат правдата. Неговото убиство има корени во деструктивната српска политика и одговорите се кријат во Белград – напиша Хоџај на Твитер.
Министер за внатрешни работи Небојша Стафановиќ ги обвинува властите во Пришина за нерешавање на убиството на лидерот на Србите во Косово.