Славниот холивудски пар, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, открија зошто една од нивните ќерки го носи името Џејмс.
Рајан за порталот Mrporter изјави дека пред бракот со Блејк не бил во добри односи со неговиот татко Џејмс кој боледувал од Паркинс, но пред неговата смрт тие успеале да ги подобрат односите и да се зближат. Рајан додаде дека за ова била заслужна неговата сопруга.
Токму поради ова, тие одлучиле да ја крстат својата ќерка по дедо и, иако биле свесни дека тоа може да и донесе проблеми во животот.
– Нашата ќерка и сега мисли дека нема никакви разлики меѓу неа и момчињата, дека може да прави се што можат и тие. Се надевам дека тоа ќе остане така и во иднина – истакна Лајвли.