Промоција на „Шепотот на Данте“ од Силвија Митевска

295

Во МКЦ – Клуб утре од 20 часот ќе се одржи промоција на новата збирка раскази од Силвија Митевска- „Шепотот на Данте“ во издание на Или-Или.
За романот ќе зборуваат Елизабета Баковска и Калина Малеска.

– Расказите во Шепотот на Данте, осум на број, на чудесен начин го продолжуваат тематското ткаење на Митевска започната уште со првата нејзина збирка раскази Додека Данте спие што имаше убав успех кај читателската публика. Нема сомнеж дека преку постапката на очудување, Митевска го слика нашето секојдневие, но секогаш видено од нејзин специфичен агол, максимално изневерено а со тоа суверено претворено во убава, сугестибилна проза. Во сите осум раскази, од „Бесмислица“ до последниот „Мојата среќа“ Митевска излегува од рамките на секојдневното и моќно го надоградува истото за кога ќе ни го презентира напишаното, да не изненади со ефектен крај смислен од оваа наша уникатна раскажувачка – вели Драги Михајловски.

Силвија Митевска е магистер по човекови права и политички науки и е претседателка на невладината организација ТАКТ, Скопје. ,,Шепотот на Данте’’ е нејзина втора збирка раскази, по првенецот ,,Додека Данте спие’’( Или-Или 2015) која е преведена и издадена на италијански јазик во 2017-та година. Со расказот „Сонот на Лучија“ ја освои специјалната награда „Slow food Terra Madre“ на националниот конкурс „Lingua Madre“ во Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...