Три лица загинале, а 11 се потешко повредени во сообраќајната несреќа која доцна синоќа се случила во југоисточна Франција.
Автобус со 31 патници учествувал во несреќата, а меѓу патниците имало и 18 деца.
Вкупно 17 лица се полесно повредени. Загинале возачот и две возрасни лица.
Автобусот пренесувал навивачи на рагби тим, но се превртел на патот.
Според првичните резултати од истрагата, несреќата се случила поради пукната гума, пренесуваат агенциите.