Ердоган ги повика граѓаните девизите да ги променат во лири

169

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните своите заштеди во девизи да ги променат во лири, во обид да ја поддржат националната валута.

– Моите браќа, кои имаат долари или евра под перниците, да одат и да ги заменат во лири. Заедно можеме да се бориме против овој заговор – рече Ердоган.

Говорот беше дел од изборниот митинг пред предвремените парламентарни и претседателски избори закажани за 24 јуни. Турската валута загуби околу 16 отсто во однос на доларот во изминатиот месец. Турските власти соопштија дека падот на лирата е заговор од неименувани странски сили за да се ослабне земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...