На 14. мај, Комисијата за труд и социјална политика одржа јавна расправа на тема: Потребата од заедничко родителство после развод и разделба. Расправата беше поттикната од граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод која се залага за промени во Законот за семејство.
„Наместо сегашниот застарен еднородителски систем со кој државата во голема мерка го исклучува едниот родител од животот на децата по разводот“, велат од Иницијативата, „се залагаме за воведување на заедничко родителство по развод преку следните две главни промени: Воведување одредба дека двајцата родители независно од брачниот статус остануваат еднакво одговорни за своите деца и заедно ги донесуваат главните одлуки кои се од интерес на детето и регулирање на видувањата на децата со родителот со кој не живеат на тој начин што ќе биде воведено право на минимум загарантирано време од 120 дена годишно за родителот со кој не живее детето и секаде кадешто е можно (кога родителите живеат блиску и нема да се наруши нормалниот тек на активности на детето) да се воведе принципот 50-50.
Членовите на комисијата, иако од различни политички партии, донесоа заклучок и се согласија дека се промени измени на законот. Токму ова беше повод и за нашето интервју со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Интервјуто можете да го прочитате ТУКА.