Проектот за ветерни електрани на јавен увид во Богданци

108

Нацрт извештајот е изложен во просториите на локалната самоуправа во Богданци, каде во наредните триесет дена, во времето од 8 до 16 часот, секој ден.

Општина Богданци денеска на јавен увид пред граѓаните го изложи Нацрт извештајот за стратегиската оцена на животната средина на инфраструктурниот проект за изградба на ветерни електрани, далекувод, пристапен пат и трафостаница на ридовите источно од Стојаково, односно јужно од постојниот ветерен парк кон границата со Грција.

Нацрт извештајот е изложен во просториите на локалната самоуправа во Богданци, каде во наредните триесет дена, во времето од 8 до 16 часот, секој работен ден ќе биде на увид на сите заинтересирани и засегнати граѓани на општина Богданци.

Физичките и правните лица, во врска со изложениот нацрт извештај на инфраструктурниот проект за изградба на ветерните електрани, можат да достават свои мислења, предлози и забелешки најдоцна до 25 март во Одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина на општина Богданци.

Јавната расправа,на која можат да учествуваат сите граѓани на општина Богданци, ќе се одржи на 12 март во просториите на основното училиште во Стојаково.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...