Насловната страница на мемоарите на Мишел Обама ФОТО

232

Мемоарите на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, со наслов „Becoming“, излегуваат на 13 ноември. Мишел сега ја објави насловната страница на својата книга, на која се наоѓа нејзина фотографија од снимање организирано во Вашингтон.

– Додека се подготвувам да ги објавам мемоарите оваа есен, се надевам дека размислувате за сопствена приказна и верувам дека ќе ви помогне да станете личност каква што сакате – напиша Мишел на Твитер, со фотографија од својата нова книга.

Мишел и Барак Обама лани постигнаа заеднички договор за нивните книги со издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус“. Според проценките, тие двајца ќе заработат околу 30 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...