Иако има 33 години Кристијано Роналдо изгледа и игра како да е на врвот од својатата кариера, а за сето тоа е заслужен начинот на исхрана.
Познато е дека Роналдо има „етикета“ на дисциплиран играч кој води сметка за начинот на исхрана, а сега Португалецот откри што јаде за појадок, ручек и вечера.
За појадок Роналдо јаде, шунка, кашкавал, тост со авокадо, јогурт и неколку видови на овошје.
Ѕвездата на Реал има по неколку оброци во денот, па често конзумира храна но во мали количества и тоа до шест пати во денот.
За ручек тој преферира морска храна или риба. Најмногу преферира бакалар со компир, јајца и кромид, а помеѓу омилените риби на менито му се и сабјарка, лубин и орада.
Роналдо изјавил дека избегнува работи кои се лоши за него- алкохол и слатки.
Сепак главниот готвач на Роналдо, открил дека фудбалерот не може да го помине денот без чаша црвено вино, свежо овошје, житарици и салата.
За време на тренинзите и натпреварите, Роналдо користи напитоци со електролити и витамин Б12 за да биде издржлив.