На паметните телефони од Сони им доаѓа крајот?

1478
Пазарот на мобилни телефони преживува тешки времиња. Испораките се намалени дури и кај големи компании како Епл и Самсунг. Најтешка ситуацијата е кај јапонскиот бренд на Сони.
Врз основа на податоците на „Блумберг“, во блиска иднина, корпорацијата би можела да го напушти пазарот на паметни телефони. Аналитичарите забележуваат доста слаби продажби на брендираните со Сони мобилни уреди.
Сегашниот извршен директор на јапонската компанија, Кеничиро Јошида, претходно изјави дека е подготвен за реструктуирање.
Според него, јапонскиот производител треба да се фокусира на развој на оперативни системи и поддршка на претприемништвото.
Врз основа на овие податоци, експертите заклучуваат дека Сони е на прагот да се збогува со пазарот на паметни телефони.
Засега Епл, Самсунг и кинеските компании остануваат лидери во индустријата
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...