Објавен e конкурсот за најдобра песна и есеј на манифестацијата „Празник на липите“

115

Друштвото на писатели на Македонија го распиша конкурсот за најдобра песна и најдобар есеј на манифестацијата „Празник на липите“.

На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ анонимно, а изборот за најдобра песна, односно есеј, ќе го врши тричлена стручна комисија.

Песната или есејот треба да се испрати во четири примероци потпишани со шифра на адреса: ул. „Максим Горки“, бр. 18, 1000 Скопје или преку електронска пошта на адресата: prazniknalipite@gmail.com најдоцна до 15 јуни 2018 година.

Како што соопштија од ДПМ, учесниците кои ќе учествуваат по електронски пат, потребно е да направат нова адреса за електронска пошта исклучиво наменета за конкурсот, која нема да ги оддава нивните лични податоци и ќе го гарантира принципот на анонимност.

Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во втората половина на јуни 2018 година, а точниот датум ќе биде дополнително објавен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...