Медиумската мрежа Гласот на Америка јави дека нејзиниот новинар Стив Херман забележал „големи дупки“ во тревникот на Белата куќа во близина на просториите за прес- конференции, од кои една ја опишал како „вистинска бездна“.
– Дупката видливо се зголеми помеѓу неделата и понеделникот – објави Херман на Твитер, додавајќи дека таа е широка околу 30 сантиметри, како и дека до неа се отворила уште една дупка.
Набрзо оваквата објава на Херман, дупката на тревникот во Белата куќа била затрупана, тврди Гласот на Америка.
Создавањето дупки во почвата во Вашингтон не е невообичаена појава, имајќи предвид дека делови на градот буквално се изградени врз мочуришно земјиште, но ова е првпат отвор во земјата да се појави на тревникот на Белата куќа.
Во последните години во Вашингтон се појавија неколку дупки во земјата. Така, во март годинава двајца жители на Вашингтон мораа да ги напуштат своите домови откако во нивна близина се отвори дупка, а минатата година во еден таков отвор пропадна и училишен автобус.