Родителите го тужат 30-годишниот син оти не сака да се исели од дома (ВИДЕО)

Судските документи покажуваат дека тој не плаќа станарина и не помага во домашните работи, а ја одбил и понудата на неговите родители да му ја платат преселбата.

417

Родителите на 30-годишниот Американец Мајкл Ротондо го тужеле нивниот син оти не сакал да се пресели од куќата и да живее сам.

Судските документи покажуваат дека тој не плаќа станарина и не помага во домашните работи, а ја одбил и понудата на неговите родители да му ја платат преселбата.

Кристина и Марк Ротондо тврдат дека Мајкл и по пет писма во коишто се известува дека мора да се исели, тој одбива тоа да го направи, тврдејќи дека „не го известиле навреме”.

Откако ги разгледал аргументите на двете страни, судот наредил Мајкл да биде исфрлен од куќата.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...