Словенци ќе нѐ учат како да направиме подобар Закон за работни односи

205

Постоечкиот комплексен Закон за работни односи не укажува доволно јасно на заштита на работничките права и на обврските на работниците и работодавачите, оцени министерката за труд и социјала Мила Цароска на работилницата ,,Реформи на пазарот на труд во Македонија – Што можеме да научиме од искуството на Словенија?’’како дел од дебатата за реформи на пазарот на труд и донесувањето на нов Закон за работни односи, кој треба да се усвои до крајот на годинава.

– Во процесот на носење нов закон се потребни анализи од аспект на микроекономски индикатори, за што земјава добива експертска поддршка од Светска банка. Но, од друга страна, очекувам синдикатите и здруженијата на граѓани да ја дадат другата перспектива за овој закон да даде максимална заштита на работниците. Целта е да добиеме добар баланс помеѓу едното и другото, затоа што ниту една држава не успеала да го развие пазарот ако има преригиден закон за едната или за другата страна – изјави Царовска.

Консултантите Јан Рутковски и Милан Водопивец ги презентираа предизвиците поврзани со законската рамка во Македонија и искуството и резултатите од реформата на пазарот на труд во Словенија. Во однос на тоа, министерката Царовска посочи дека покрај националните капацитети за подготовка на новиот ЗРО, позитивно е вклучувањето на експерти од регионот, кои веќе го поминале овој процес и низ социјален дијалог донесле паметен закон, кој што обезбедил заштита и почитување на обврските од двете страни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...