Хрватски матуранти дивееле во повеќе градови (ВИДЕО)

Матурантите од Ријека фрлиле гасна бомба, а шеталиштето за кратко време било целосно обвиено во густ чад. Гасни бомби се палеле и во Шибеник.

220

Матурантите од Хрватска го прославија последниот училишен ден со низа инциденти низ повеќе градови во државата, јавуваат хрватските медиуми.

Во Загреб, на плоштадот „Бан Јелачиќ“, најмалку еден матурант се онесвестил од преголема доза алкохол, а тоа го откриле дури кога требало да се упатат кон друга локација. Оваа група матуранти извикувала погрдни пароли и навредувала новинари кои се нашле на самото место на прославата.

Матурантите од Риека, пак, фрлиле гасна бомба, а шеталиштето за кратко време било целосно обвиено во густ чад. Гасни бомби се палеле и во Шибеник.

Во Дубровник биле забележани голем број сообраќајни прекршоци, а во неколку случаи морала да интервенира и полицијата. Забележани се и други прекршоци и нарушувања на јавниот ред и мир и во помалите градови каде сношти се славела матура.

ФОТО: Фејсбук

Norijada u Šibeniku

Posted by ŠibenikIN on вторник, 22 мај 2018

UŽIVO – Zagrebačka norijada

Posted by Index.hr on вторник, 22 мај 2018

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...