Косовката Ера, Вил Смит и Ники Џем ќе ја пеат мундијалската химна

Ера својата популарност таа ја стекна во 2016 година со песната „Бонбон".

844

Организаторите на Светското фудбалско првенство ги одбраа американскиот актер Вил Смит, латино пејачот Ники Џем и косовската пејачка Ера Истрефи да ја отпеат официјалната химна на фудбалското првенства во Русија.

Химната ќе биде објавена на 25 мај, а продуцент на композицијата е американскиот Ди-Џеј Дипло. Светско првенство во Москва ќе се одржува од 14 јуни до 15 јули годинава.

Тројцата изведувачи се познати пред се во рап музиката. Иако најдобро познат како актер, Вил Смит имаше и неколку хит песни како Boom! Shake the Room и Луѓе во Црно. Ники Џем е еден од водечките јужноамерикански музичари, додека Ера својата популарност таа ја стекна во 2016 година со песната „Бонбон”.

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...