Парламентарното мнозинство на вчерашната собраниска седница го изгласа новиот Закон за енергетика кој обезбедува конкурентност во енергетиката и можност граѓаните на слободен пазар да одберат од кој снабдувач ќе се снабдуваат со енергенси. Дополнително, создаваме услови цената на струјата да не се зголеми, со примена на одредбите од овој закон, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.
– Низ годините наназад Владата на ВМРО-ДПМНЕ со серија погрешни чекори ја покачи за 100 отсто цената на струјата и ја укина евтината тарифа. СДСМ и мнозинството што го предводи создаде услови, ја вратиме евтината тарифа на струјата а сега создаваме услови да не се зголеми цената на струјата. Тоа е трајна придобивка за граѓаните и значи повеќе пари кај нив. Со подзаконските акти, конечно, ќе го решиме и долгогодишниот проблем на граѓаните кои се исклучени од парно, а сè уште мора да плаќаат. За оние кои нема да се одлучат да излезат на пазарот на јавен тендер, ќе се избере универзален снабдувач, кој ќе има договор од пет години. Регулирано ќе биде само користењето на инфраструктурата, гасоводите, далноводите и дистрибутивната мрежа – рече Костадинов.