Анистон како прва геј претседателка на САД

1676

Четириесет и деветгодишната Анистон ќе глуми рамо до рамо со комичарката Тиг Нотаро (47) и тие ќе бидат брачниот пар Беверли и Кејси Николсон, лезбијки.

Холивудската актерка Џенифер Анистон ќе ја игра првата американска претседателка хомосексуалец во нов филмски проект на „Нетфликс“, објавија од стриминг платформата.

Четириесет и деветгодишната Анистон ќе глуми рамо до рамо со комичарката Тиг Нотаро (47) и тие ќе бидат брачниот пар Беверли и Кејси Николсон, лезбијки.

Филмот, насловен „Првите дами“, е по сценарио на Нотаро и нејзината сопруга Стефани Алин, а на продукцијата тие две работат заедно со Вил Ферел и Адам Мекеј.

Оваа политичка комедија е втора соработка на Анистон со „Нетфликс“ – таа се обединува со Адам Сендлер за комедијата „Убиствена мистерија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...