Вакцина нема, а десетина лица починаа од смртоносен вирус во Индија

112

Најмалку десет лица загинаа на југот од Индија од досега малку познатиот вирус Нипах, додека околу 100 лица се наоѓаат во карантин, соопштија денеска локалните власти во Индија.

„Можеме да ја потврдиме смртта на пет лица од вирусот Нипах, додека 94 кои биле во контакт со починатите се наоѓаат во карантин“, наведоа санитарните власти во Керали, на југот од Индија.

Девет лица се хоспитализирани поради симптоми што потсетуваат на инфекцијата на вирусот. Нипах се пренесува најчесто преку лилјаци и може да биде смртоносен во 70 проценти од случаите. За првпат овој вирус бил идентификуван во 1998 дгоина во Малезија на поздрачјето Нипах.

СЗО соопшти претходно дека вирусот го пренесуваат животни, но и луѓе.

Симптомите се треска, главоболка и поспаност придружени со дезориентација и ментална конфузија. Засега не постои вакцина против овој вирус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...