Пенс се закани на Пјонгјанг: Ве чека судбината на Либија

Трамп би требало на 12 јуни да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сингапур.

223

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја дека би можела да ја искуси судбината на Либија, доколку не биде постигнат договор за севернокорејската нуклеарна програма.

На прашањето дали е тоа закана кон севернокорејскиот режим, Пенс изјавил дека тоа е и „многу повеќе од суровата реалност која го очекува Пјонгјанг“.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон минатата недела изјави дека Вашингтон не сака да го повтори сценариото од Либија, кога поранешниот американски претседател Џорџ Буш потпиша договор за нуклеарната програма на Либија во 2003 година, а подоцна со интервенција беше срушен режимот на Муамер Гадафи.

Трамп би требало на 12 јуни да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сингапур.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...