На времето чистењето на млад грашок за да се спреми за во замрзнувач беше можност за семејна дружба, слично како и онаа кога се лупат пиперки за ајвар. Секој со својот сад во скутот, како деца се тркавме кој ќе има на крајот повеќе зелени топченца. А ручекот со млад грашок како прилог за некое убаво вкусно мевце или пак сам за себе, во веге варијанта, беше навистина вкусен пролетен оброк.
Ако барате нови идеи за подготвување на грашокот, пробајте да направите хумус, кадешто грашокот ќе ви биде замена за наут или пак направете пире наместо она вообичаеното – од компири.
Рецептите за пирето, хумусот и пестото од грашок ќе ги најдете ТУКА.