Македонските претставници на годинашниот Евросонг што се одржа во Лисабон, Португалија, групата „Ај кју“, официјално го добија првото место на БДА. Станува збор за наградата Барбара Декс, која уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија.
Наградата го носи името според белгиската претставничка на Евровизија за 1993 година, Барбара Декс, која тогаш го шокираше светот со фустанот што сама го креирала за настапот.
По Македонија, како најлошо облечени претставници годинава се рангирани музичарите од Австралија и од Белгија.
Во 2005 година, истата титула ја доби и тогашниот македонски претставник на Евровизија, Мартин Вучиќ.
Минатата година, пак, „титулата“ најлошо облечен му припадна на претставникот од Црна Гора, Славко Калезиќ, додека во 2016 година добитник на наградата Барбара Декс беше хрватската претставничка Нина Краљиќ.