Гитара на Боб Дилан купена за 495.000 долари

85

Во 1965 година Боб Дилан за првпат на турнеја настапуваше со електрична гитара. Таа гитара имала клучна улога во уметничката еволуција на Дилан од фолк музика до рок. Сега, истата таа гитара е продадена за речиси половина милион долари.
Легендарниот музички инструмент на Боб Дилан е продаден за 495.000 долари на аукција посветена на музичките икони, одржана викендот во Њујорк.

Гитарата „фендер телекастер“, што била во сопственост на Роби Робертсон, кој редовно му ја давал на Дилан да ја користи во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, ја користеле и Ерик Клептон и Џорџ Харисон, било наведено од аукциската куќа „Џулиен“ од каде што ја организирале продажбата.
Пред продажбата, оваа гитара беше проценета на сума помеѓу 400 и 600 илјади долари.

Легендарниот инструмент го одбележа преминот на фолк-музичарите од „The times they are A-changin“ на електричен звук, во песните како „Like a Rolling Stone“.
Помеѓу другите славни гитари продадени во саботата, се најде и првата електрична гитарa на Џорџ Харисон „хофнер клаб 40“, која била продадена за 430.000 долари, како и гитарата „фендер телекастер“, која специјално била изработена за Елвис Присли во 1968 година, а сега на аукцијата е продадена за цена од 115.200 долари.
И во ноември минатата година гитара на нобеловецот Дилан достигна цена од 400.000 долари на аукција во „Херитаж“. Анонимен купувач тогаш стана сопственик на акустичната гитара „мартин Д-28“ од 1963 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...