Карлеуша нервозна, остана без куфери на аеродромот во Анталија (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша доживеа вистинска непријатност на аеродромот во Анталија кога и се загуби багажот.

594

Популарната пејачка по работниот викенд се упати со ќерките Атина и Ника во популарното турско летувалиште, но кога слета беше непријатно изненадена.

Имено, Јелена како и сите други патници стрпливо чекаше да си ги земен своите куфери, но по еден час сфати дека ги нема!

Карлеуша љубезно се обиде да им објасни на вработените на аеродромот дека работите мора да и се пронајдат под итно, а бидејќи тие не успеаја тоа да го сторат таа се изнервира и побара да се види со менаџерот.

Додека ги чекаше да стигнат, пејачката нервозно цупкаше и куцаше пораки на телефонот, а нејзините ќерки не се потресоа многу, туку си играа на аеродромот.

Кога менаџерот конечно стигна, поразговара со Јелена и и се извини за непријатноста и нејзините куфери брзо се пронајдени.

После тоа Карлеуша со ќерките се смести во луксузен хотел и од таму веднаш ги извести фановите дека ужива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...