„Родителите бараат логопедска помош кога ќе забележат некаков проблем во говорот на нивните деца. Во однос на тоа кога треба да се посети логопед, родителите секогаш треба да се водат од возраста на детето, и каков е говорот кај детето.
Инаку, периодот помеѓу четвртата и шестата година на детето е особено важен за следење на говорот. Навременото отпочнување со корективни третмани и нивно препознавање е од голема помош за успешно и побрзо надминување на говорно – јазичните потешкотии“, вели Ана Петреска, логопед и дефектолог во „Интеракција-плус“.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.