Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Хорнер планира и изложба на холограмските диносауруси до идната пролет. 

121

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Стивен Спилберг на филмовите „Јура Парк”, работи на холограмски диносауруси коишто ќе изгледаат онака како што најновите научни сознанија ги опишуваат.

Новите теории велат дека овие древни животни повеќе наликувале на птици отколку на рептили, па во склад со тоа, трицератопсот ќе биде прикажан во сина боја, а страшниот тираносаурус рекс – со изразено црвени перја, пренесуваат американските медиуми.

Хорнер планира и изложба на холограмските диносауруси до идната пролет.

 

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...