Исламска држава презеде одговорност за нападот на црква во Чеченија

Четири лица вчера нападнаа православна црква во Грозни и убија двајца полицајци и еден цивил. Напаѓачите беа ликвидирани.

149

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз православна црква во центарот на главниот град на Чеченија, Грозни, при што загинаа три лица.

Четири лица вчера нападнаа православна црква во Грозни и убија двајца полицајци и еден цивил. Напаѓачите беа ликвидирани.

Претседателот на Чеченија, каде мнозинството население е муслиманско, Рамзан Кадиров изјави дека четворица екстремисти, кои се обиделе да земат за заложници верници во црквата „Архангел Михаил“, се ликвидирани во жестока специјална операција.

Тој веднаш пристигнал на лице место и ја контролирал операцијата, која траела само неколку минути

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...